Владата изрази жалење за одлуката на Иванов

Влада на Република Македонија

Владата изрази жалење за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците. Од Владата наведуваат дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Со законот, посочуваат дека се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во земјата.

„Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тое е концепт во кој оваа влада силно верува силно и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме“, се наведува во соопштението.