ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието за обраќањето на Столтенберг

Собрание, Парламент, пратеници, пратениците.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ во четврток ќе се вратат во собраниските клупи за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јавува Макфакс

Одлуката била донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а пораката е да покажат дека стратешката определба на партијата е членството во НАТО и ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема дополнителни информации дали тоа значи дека опозицијата ќе го прекине бојкотот на собраниските тела и се враќа да учествува во работата на законодавниот дом.

Пратениците на најголемата опозициска партија по определувањето на мерките притвор, не учествуваат во работата на Собранието од крајот на минатата година.