Столтенберг утре пристигнува во Македонија

Архива: Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Предвидено е тој да се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија, а се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и министрите за одбрана и надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров, како и со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски и лидери на други политички партии.

Во рамки на посетата предвидена е заедничка прес-конференција на Столтенберг со премиерот Заев во четврток во 16 часот во Владата.