Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Делегациите на политичко ниво ќе ги предводат претседателите на Косово и на Србија Хашим Тачи и Александар Вучиќ.

Техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина продолжува денеска во Брисел, по над една година пауза. Разговорите меѓу двете делагции, како што е најавено, би требало да траат три денови, а ќе се разговара за примената на постигнатите спогодби, за Заедницата на српски општини, за слободата на движење и за правосудството. Делегациите на политичко ниво ќе ги предводат претседателите на Косово и на Србија Хашим Тачи и Александар Вучиќ.