Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков, презентирајќи ги приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ пред Собраниската комисија за европски прашања, рече дека водечки принцип на бугарското претседателство ќе биде зачувувањето на единството и солидарноста меѓу земјите членки на ЕУ и решавање на отворените прашања преку компромис. Тој рече дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија.