Медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц изјави дека нема нов предлог за името и оти на новата средба закажана за 17 јануари во Њујорк ќе излезе за предлог идеи за кои веќе е дискутирано во минатото.
Нимиц во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ вели дека постои позитивен моментум во Скопје и оти новата Влада е многу заинтересирана да го реши ова прашање. Тој вели дека и грчката Влада исто така препознава дека ова е добар приод и добар чекор за грчката надворешна политика во регионот да најде решение за долгогодишното прашање.
Tој исто така истакна дека во регионот постои загриженост околу одредени прашања како што се бегалците, терориризмот или нестабилноста и дека со водство на меѓународната заедница овие прашања треба да бидат решени.