Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Загреб, Хрватска. Со резултат 25-24 македонската репрезентација ја совлада репрезентацијата на Словенија. На полувреме резултатот беше изедначен 11-11. Наредниот натпревар Македонија го игра во понеделник против репрезентацијата на Црна Гора. Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Германија.
Дејан Манасков беше најефикасен во нашиот тим со 8 погодоци, а капитенот Кире Лазаров даде 7 голови.