Иран го обвини Трамп за „злобно кршење“ на нуклеарниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи со олеснување на санкциите кон Иран согласно договорот за нуклеарната програма, но Трамп одреди рок од 120 за промена на договорот, односно за отстранување на „ужасните недостатоци“.

Американскиот претседател вели дека промените се неопходни за да се подобри договорот, во спротивно САД ќе се повлечат од него.

Иранските власти го обвинија Трамп за „злобно кршење“ на договорот. Најавата на Трамп е „очаен обид за поткопување на солидниот мултилатерален договор“, напиша на Твитер, иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, .

Трамп изјави дека ќе наметне и други нови санкции за 14 луѓе и организации кои не се поврзани со нуклеарниот договор. Санкциите се однесуваат и на повредата на човековите права. Меѓу оние кон кои се воведуваат санкции е и Садег Лариџани, шеф на иранскиот правосуден систем и брат на претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани.

Големите сили и Иран во 2015 го потпишаа договорот за нуклеарната програма.