Проектот „Паркирај и вози“ опфаќа можност за луѓето кои доаѓаат надвор од Скопје на организиран начин и безбедно да ги остават своите возила на паркинзите што ќе ги изгради Град Скопје на влезот на градот и од таму да го користат јавниот градски превоз, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Тој рече дека со тој концепт за граѓаните кои ќе го користат ќе биде поевтино бидејќи во една цена ќе имаат паркирање на возилото и користење на јавен превоз, нагласувајќи оти тоа е дел од системското решавање и менување на концептот на јавниот градски превоз со цел да стане поквалитетен.