Русија го отфрли новиот извештај на демократите од американскиот Сенат за нејзиното наводно мешање во изборите во САД. Во извештајот, кој беше нарачан од Комитетот за надворешни односи на Сенатот, за прв пат законодавците толку детално ги прецизираат „наводите на руските напори за поткопување на демократијата на претседателските избори во 2016 година“.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, изјави дека обвинувањата за наводна вмешаност изречени против Русија се апсолутно неосновани.
„Парноичните грижи за руското мешање не само што ги повредуваат билатералните односи, туку и самите САД", рече Песков.