Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук напиша дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во македонскиот Парламент претставува историско постигнување за Албанците, кој ја демократизира и зајакнува самата земја.
Албанскиот претседател Илир Мета кој е во посета на Љубљана, го поздрави донесувањето на законот оценувајќи го како, значаен акт не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија.