Јавното претпријатие Дрисла до април годинава треба да набави нова печка за согорување на медицински отпад, брифираат од Град Скопје и од Министерството за животна средина. Во меѓувреме Дрисла во најкус можен рок треба да набави воден филтер за постоечката печка, која не ги исполнувал еколошките стандарди.
Печката во Дрисла не работи од 1 јануари, а медицинскиот отпадот се складира, оти на сила беа мерките за справување со високата загаденост, но од утре тие се укинуваат што значи дека Дрисла ќе може да согорува отпад, но согласно прописите.
Град Скопје и Министерството за животна средина чекаат на одлуката на Вишиот управен суд околу тужбата за концесијата на Дрисла, со што ситуацијата со депонијата ќе стане појасна. Од Градот и од Министерството тврдат дека од 2013 до 2017 нема увезено медицински отпад од странство во Македонија.