Македонската економија годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи наведувајќи дека во Македонија по надминувањето на политичката криза главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.
Во проекциите на Светската банка за следната година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9 проценти. Од земјите во регионот според прогнозите Албанија ќе има раст од 3,6 отсто, БиХ 3,2 проценти, Бугарија 3,3 отсто, Србија 3, Хрватска, 2,6 проценти, Црна Гора 2,8, а Косово 4,8 отсто.