На Хојт Брајан Ји му завршува мандатот на функцијата заменик помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија која ја извршува од септември 2013 година, изјави потсекретарот во Стејт департментот Стивен Голдстајн. Претходно беше објавено дека Хојт Ји поднесол оставка, а медиумите шпекулираа дека тој би можело да ја преземе должноста амбасадор на САД во Македонија или во Босна и Херцеговина. „Како што знаете американските дипломати ги менуваат позициите на неколку години во рамките на нормален процес на распоредување на задолжувањата. Ји ја извршува таа должност над четири години“, наведе Голдстајн.