Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во пресрет на утрешната посета на Грција изјави дека Скопје и Атина работат на градење на довербата и оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.
Османи, во интервју за Независната балканска новинска агенција -ИБНА, рече дека на домашен план фокусот е на реформите во приоритетните области.
"Паралелно ќе работиме и на градењето доверба со Атина, како единствена можност за да постигнеме атмосфера во која ќе може да го затвориме и прашањето за името. Тоа е усогласена владина политика, па во тој контекст ќе биде и мојата посета на Атина", вели Османи.
Во овој момент, како штоп посочи, примарна цел на Владата е да ја интензивира комуникацијата меѓу Скопје и Атина, притоа искрено посветувајќи им се на мерките за градење доверба меѓу двете општества.