Продолжуваат превирањата во Движењето Беса

Беса, политичка партија

Во седиштето на партијата Движење Беса изутрината претседателот Биљал Касами заедно се група поддржувачи влегле во просториите во Мавровка. По ова била повикана полицијата на местото на инцидентот, информираат денеска од Движењето БЕСА во Скопје

Касами вчера поднесе кривична пријава во полициска станица затоа што три часа не му било дозволено да влезе во просториите каде било ангажирано приватно обезбедување од скопскиот огранок на Беса

До ова дојде откако викендов се одржаа две паралелни седници на највисокиот партиски орган - Централниот совет, една во Скопје, друга во Тетово.

На седницата во Тетово беше донесена одлука да се одржи партиски конгрес на 24-ти февруари, до кој со партијата и натаму ќе раководи претседателот Биљал Касами. На седницата пак во Скопје беше разрешен Касами и најавен е конгрес на 21 февруари, до кој со партијата ќе раководи пратеникот Неџбедин Каремани.

Дел од членството бара Касами да ја прифати одговорноста за поразот на локалните избори на кои и тој директно загуби во трката за градоначалник на Тетово. Исто така оставка од позицијата потпретседател си поднесе Зекирија Ибраими кој ја загуби трката за градоначалник на Чаир.