Прашањето за името излезе од колосек поради глупостите на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет, со отстапки од двете страни, но и од опозицијата подготвени се за компромис, господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, изјави солунскиот градоначалник Јанис Бутарис за грчките медиуми, пренесува МИА.
Во однос на средбата и приватната вечера на дочекот на Нова година со македонскиот премиер Зоран Заев во Солун, Бутарис рече дека со соседите е потребно да постојат добри односи.