Талибанци убиле шеф на локална полиција во Авганистан

Авганистански безбедносни сили.

Талибанци убиле шеф на локална полиција во Авганистан. Талибанците, речиси секојдневно вршат напади врз авганистанските безбедносни сили.

На друго место во Авганистан, официјален претставник изјави дека при воздушни напади во северната провинција Јавџан биле убиени најмалку 26 припадници на милитантната Исламска држава (ИД), а најмалку 20 се повредени. Според тамошните власти загинатите се странски борци од Франција и Узбекистан.

Во источната провинција Нангархар, најмалку еден цивил е убиен, а 14 други се повредени во престрелка меѓу авганистанските безбедносни сили и борците на ИД.

Огранокот на Исламската држава во Авганистан се појави во 2014.