За време на продолжениот викенд во главниот град Скопје се случиле 40 сообраќајки, во кои загина едно лице, три лица се потешко повредени, а 19 се здобиле со полесни повреди, соопшти МВР.
Оттаму информираат дека сообраќајната полиција во текот на викендов открила и санкционирала поголем број прекршоци: за зголемена брзина над дозволеното, поминување крстосница на црвено светло, недавање првенство на минување на пешаци, управување возило под дејство на алкохол, нерегистрирани возила и друго.