Калифорнија им се придружи на седум американски држави и на Дистриктот Колумбија кои имаат одобрено закони со кои се овозможува продажба на марихуана за рекреативно користење. Во Калифорнија марихуаната за медицинска употреба е дозволена од 1996 година. Со легализацијата на марихуаната се очекува пазарот во Калифорнија да порасне на над 3 ипол милијарди долари годишно.