МВР: Мирна новогодишна ноќ во Скопје

Новогодишната ноќ на територијата на Град Скопје била мирна и стабилна и имаме огромно намалување на кривичните дела и прекршоци за разлика од претходните години, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на СВР Скопје.

“Имаме тренд на намалување. 2017 година сме имале 37 кривични дела и десет прекршоци. До осум часот утринава имаме пријавено девет кривични дела и осум прекршоци. Секако дека во текот на денот ќе има пријави на некои нови кривични дела по кои колегите ќе работат, но генерално можеме да бидеме задоволни од сето она што го работевме како Министерство во перидот што беше пред празниците, пред се во делот на превенцијата и едукацијата”, истакна Спасовски.

Тој посочи дека кривичните дела сторени во текот на новогодишната ноќ пред се се тешки кражби, разбојништва и напад на службено лице при вршење на работа во областа на безбедноста. Јавниот ред и мир го нарушиле поединици во угостителски објекти.

Министерот Спасовски рече и во 2018 година ќе работат во делот на превенцијата и едукација и оти ќе работат на подобрување на условите на полициските службеници.