Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на утрешната седница посветена на пратенички прашања. Ова е решено по одлуката на Кривичниот судот за продолжување на притворите на осомничените за насилствата на 27 април во Собранието, меѓу кои и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Најголемата опозицска партија го бојкотира Парламентот по притворањето на нивните пратеници, а во собраниските клупи се вратија само за новогодишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов.
Но од партијата се уште не донеле одлука дали конечно ќе се вратат во Собранието. Претходно премиерот Зоран Заев рече дека доколку утре не дојдат, седницата ќе биде многу кратка, бидејќи нема намера да им одговара на пратениците од владејачкото мнозинство.