Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе соопшти дали ќе се врати во Собранието или ќе го продолжи бојкотот, по денешната координација со пратеничката група, рече попладнево партискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој рече дека разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, кои, како што вели, нормално се разликуваат. Сепак, не прецизираше што точно се разговарало. Рече дека очекува вакви средби да има и во наредниот период.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали по неговото назначување за претседател на партијата, таа ќе се реформира, Мицкоски рече дека во иднина промените ќе бидат забележливи