Заев: Опозицијата треба да биде дел од реформскиот процес

Архива: Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека завршувањето на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на новиот лидер на партијата Христијан Мицковски треба да претставува и перспектива за државата.

Заев му посака среќа на Мицковски и наведувајќи дека очекува корегирање на одлуката и враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, бидејќи како што рече „има многу сериозни прашања за одлучување.

„Учеството на опозицијата е неопходно за да имаме нормални и демократски процеси. Убеден сум дека опозицијата треба да биде составен дел од сето она што значи реформски процес, но и сето она што значи добри перспективи на Република Македонија“, рече Заев.

Заев рече дека првата прилика кога ќе има потреба од средба со мицковски би ја прифатил и би го поканил.