Предмалку започна и официјалниот дел од шеснаесетиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово. Во име на работното претседателство на конгресот, Коце Трајановски изјави дека денеска пристигнале уште седум нови делегати, со што вкупниот број на делегати сега изнесува 418.Со оваа бројка се исполни обрската од членот 18 од партискиот статут, според кој „конгресот може да работи ако се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати“, односно најмалку 363 делегати. На конгресот се присутни и претставници од коалицијата “За подобра Македонија”, Лидети и од Демократската Унија за интеграција. Во моментот свое обраќање има Јован Лазарев од Социјалистичката партија, а се очекува да говорат и Стевчо Јакимовски од ГРОМ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски.