Да не му се суди на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, во предметот „Тортура“, одлучил Кривичниот суд. Предметот на Специјалното јавно обвинителство е за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Тој беше уапсен на 6 јуни 2011 година по предвремените парламентарни избори. Судот делумно го прифатил обвинението на СЈО и решил Мијалков, кој беше првообвинет во случајот, да биде изземен од обвинението, а да им се суди само на шест припадници на специјалната единица Алфи.
Сите обвинети во овој предмет се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.