Во Каталонија и по изборите неизвесност
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Партиите кои се за независност на Каталонија, врз основа на скоро сите пребројани гласови од вчерашните избори, добија мнозинство во парламентот на тој шпански регион кој има 135 пратенички места. Сепак најголем број гласови освои партијата на центарот „Сјудаданос“ или „Граѓани“ која е против независноста на Каталонија.