Мицкоски единствен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Две кандидатури биле поднесени за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, но прифатена е само кандидатурата на генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, бидејќи другата не била валидна, потврдија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.

Втората кандидатура не била прифатена, бидејќи, како што наведуваат од партијата, била поднесена без потписи. Името на вториот кандидат не се соопштува.

Конгресот за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи утре и задутре во Валандово.

Претходно, Мицкоски на Фејсбук ја потврди неговата кандидатура и наведе дека тоа е „широко понудена рака“ за секој кој сака да биде дел од неговиот тим „за победничка и економски напредна Македонија“.