Судот во Солун до петок треба да ја соопшти одлуката дали Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во Македонија.
Поранешниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, како експерт на предлог на адвокатите на Горан Грујевски и Никола Бошковски, денеска беше сослушан како сведок во Судот во Солун, потврди за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.
" Ние очекуваме судот да го одбие барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски", рече Василев.
Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг.
Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.
Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта