Ердоган: ОН да ја поништи одлуката на Трамп за Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе покрене иницијатива во Обединети нации за поништување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Ердоган во обраќањето преку видеолинк до своите приврзаници во Коња изјави дека Турција првенствено ќе бара поништување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и оти ако тоа не успее ќе се обиде во Генералното собрание на ОН.

Лидерите на исламските држави на Конференцијата на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) , што се одржа во средата во Истанбул, ја осудија одлуката на Трамп за Ерусалим и апелираа до меѓународната заедница да го признае Источен Ерусалим како главен град на Палестина.