Највисоката годишна бруто плата мината година во Македонија е исплатена во приватното здравство и изнесувала 2,7 милиони евра, а највисокиот бонус од работен однос на годишно ниво бил 416 илјади евра, соопшти УЈП објавувајќи податоци врз основа на годишни даночни пријави од граѓаните.
Оттаму информираат дека лани граѓанин од Скопје пријавил највисок годишен приход од 255 милиони денари, а највисоката остварена капитална добивка била 82,8 милиони денари. Од повремено вршење услуги жител на Велес заработил 58,3 милиони денари, додека граѓанин од Скопје пријавил заработка од над 109 милиони денари од дивиденди и други приходи.
Во 2016 година годишна даночна пријава до УЈП поднеле над 439 ичлјади граѓани кои пријавиле годишни бруто приходи во износ од над 173 милијарди денари, како и персонален данок во износ од над 10 милијарди денари.