Скопјани и вечерва дишат отровен воздух, рекордери Ректорат и Карпош

Илустрација-Скопје во магла

Илустрација-Скопје во магла

Воздухот во Скопје и вечерва е екстремно загаден. Мерните станици покажуваат дека највисока загаденост има регистрирано кај Ректоратот со 506 микрограми ПМ честитчки на метар кубен. Потоа следува Карпош со 479 микгрограми ПМ 10 честички на метар кубен, па Центар со 389,Гази Баба со 355 и Лисиче со 283 микгрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска рече дека дел мерките кои се преземаат против загадувањето се акцијата за чистење на Скопје, дека се работи на нов концепт за јавен превоз, на усогласување на деталните урбанистички планови на општините со генералниот урбанистички план за да може, како што вели, да се стопира дивеењето во градбата.

Граѓаните на социјалните мрежи се организираат за протест и бојкот. За в сабота пред зградата на Владата се најавува протест под мотото Станете за чист воздух. Родителите, пак, за в среда најавуваат бојкот на наставата на своите деца наведувајќи дека со тоа укажувале дека проблемот не само што не бил решен, туку и немало никакви најави дека ќе се реши.

Шилегов денеска рече дека според неговите информации иницијативата била политички мотивирана за да се дискредитирале и локалната и централната власт во борбата против загадувањето