Денеска се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“

Архива: Основен суд Скопје 1

Во Кривичниот суд денеска се одржува ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“, во кое се сослушува вешто лице предложено од СЈО.

Во предметот „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато ДООЕЛ“ за учество на тендер на ЕЛЕМ.

На претходното судење беше испрашуван вештакот Дејан Грковски кој рече дека побарал да направи увид во постројките на „Трансмет“ и да утврди дали соодетствуваат со постројките наведени во документацијата, но дека можност за увид не добил.

Според обвинението на СЈО, осомничените со фалсификувани документи наместиле тендер во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.