Следната среда одлука за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

Горан Грујевски и Никола Бошкоски, под придружба на грчки полицаец, го напуштаат судот во Солун -, 19 октомври, 2017

Судот во Солун наредната среда треба да соопшти дали ќе го прифати барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“. Денешното рочиште во Солун се одвивало зад затворени врати, по барање на грчките адвокати.

Грујевски и Бошковски се во притвор во близина на Солун. Ним им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.