Дураку: Договор за пречистителна станица во Скопје најдоцна до 2020

Архива: Министерство за животна средина.

Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје ја доработуваат документацијата за изградба на пречистителна станица за третман на отпадни води во Скопје, изјави министерот за животна средина Садула Дураку на потпишување на Анакес на Меморандумот за разбирање за Студијата за финансирање, изградба и работа за пречистителната станица со скопскиот градоначалник Петре Шилегов и амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.

Дураку рече дека пречистителната станица чини 120 милиони евра и оти очекува договорот за градба да биде склучен најдоцна до 2020 година.

Шилегов рече дека Меморандумот претставува одредување на временска рамка за преостанатите активности, а амбасадорот Тимоние потсети дека проектот е почнат во 2014 година и оти се почнати дел активности, како што се поготовките за изградба на двата базени кои се придружен дел на пречистителната станица, а се со поддршка на ЕУ.