Денеска се одржува рочиште за случајот на СЈО „Транспортер“

Архива: Поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески.

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште 20 лица.

Обвинетите побараа од Судот визуелно и тонско снимање на судењето и доказите да ги добијат во писмена форма, иако претходно ги добиле електронски, а адвокатите ги барале и материјалите од прислушуваните разговори, бидејќи без нив не била возможна одбрана.

Претходно, судијката Лидија Петровска го одобри барањето на обвинетите судењето да не биде снимано од новинарските екипи.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирање превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360 илјади евра.