Речиси сите членови на Државната изборна комисија поднесоа оставка од функцијата. Само најновиот член на ДИК од партијата БЕСА, Ермира Асани-Салија, останува во највисокиот изборен орган. Последни оставки денеска поднесоа членовите на ДИК од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.
Пред една недела американскиот амбасадор Џес Бејли обзнани дека членовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси. На првата наредна седница Собранието треба да ги констатира нивните оставки.