Црна Гора отвори две нови поглавја во преговорите со ЕУ

Мапа на Црна Гора, Подгорица.

Црна Гора и Европската унија отворија две нови поглавја од преговорите за членство: поглавјето за слободата на движењето на работната сила и за слобода за давање услуги. Одлуката е донесена на состанокот на министерско ниво на Меѓувладината група за пристапување на Црна Гора во ЕУ. Земјата преговорите за членство во ЕУ ги започна во 2012 година и досега отвори 30 од 35 преговарачки поглавја.