Шилегов: Труењето на кучињата е кривично дело

Обезбедување контрола на бројот на уличните кучиње по пат на хумано и одговорно стационирање и третирање на животните е единственото системско решение за проблемот со кучињата скитници со кои деновиве имаше неколку инциденти во кои беа нападнати повеќе жители на Скопје. За ова решение денеска на прес-конференција информираше градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, како и за регулирање на одговорностите на сопствениците на домашни миленици за спречување на инцидентите во градот.

„Работиме на чипирање на сите кучиња во соработка со Агенцијата за храна и ветерина (АХВ). Ова е процес кој одзема долг временски период и апелирам на разбирање од страна на граѓаните,” рече Шилегов и додаде дека се работи за проблем кој подолго време бил игнориран од локалната самоуправа.

Градоначалникот повика граѓаните да престанат да поставуваат отров за кучињата, кои по инцидентот со каснување од напуштено расно куче, во Аеродром, Центар и Карпош прнајдени се повеќе отруени кучиња. Ова, рече Шилегов, претсавува кривично дело поврзано со насилство врз животните, а воедно и опасност врз животот на децата кои најчето си играат во парковите каде има расфрлан отров.