БПЦ: Очекуваме наскоро да бидеме во посакуваното единство со МПЦ

Митрополитот русенски Неофит.

Бугарскиот епископ Велички Сиониј денеска на литургија во храмот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеници во Струмица прочита писмо во име на бугарскиот поглавар патријархот Неофит, наведувајќи оти тој очекува скоро Македонската православна црква и Бугарската православна црква да бидат во посакуваното единство.

„Нашите молитви се со вас и со црквата на Република Македонија. Господ да даде во најскоро време да бидеме во посакуваното единство и благодатно евхаристиско општење. По молитвите на Светите 15 Тивериополски маченици Бог да ви дава вас и на вашата епархија, мир и спокојство, честит празник, за многу благодетни години во братска и несебична љубов кон Христа“, се вели во писмото од бугарскиот патријарх што го прочита епископот Сиониј.