Медијаторот на Обединетите нации за прашањето околу името, Метју Нимиц се очекува во понеделник и во вторник во Брисел да се сретне со македонскиот дипломат, Васко Наумовски и грчкиот дипломат, Адемантиос Василакис. Средбата е дел од обидите да им се помогне на двете страни за наоѓање на прифатливо решение за спорот со името. Двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас искажаа подготвеност за надминување на овој долгогодишен спор. Заев за грчките медиуми изјави дека треба да се најде решение кое што ќе биде прифатливо за двете страни. Грчкиот премиер Алксис Ципрас, по средбата со неговите колеги од Србија, Бугарија и Романија во Белград, изјави дека во идната година очекува позитивен резултат во врска со спорот со Македонија, доколку Скопје реши да направи позитивен чекор.