Компанијата која треба да стопанисува со рудникот Казандол, Сардич МЦ, денеска реагира дека рудникот воопшто нема да загадува и оти нема да се користат опасни хемиски материи, како арсен, цијанид или други отрови. Посочуваат дека рударскиот комплекс воопшто нема да има негативно влијание врз земјоделското производство и оти се отворени за дебата и дискусија со сите засегнати.
Денеска во Валандово и во Скопје имаше протести против отворањето на рудницики, кои според активистите, ќе бидат рудници на смртта.