Јункер: нова фаза во преговорите со Британија

претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и британскиот премиер Тереза Мај, Брисел, 08.12.2017.

Европската комисија соопшти дека постигнала доволен напредок во преговорите со Британија за условите за нејзино излегување од Европската унија. Ова е соопштено денеска во Брисел по состанокот меѓу претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и британскиот премиер Тереза Мај. „Верувам дека сега направивме важен чекор што ни беше потребен за да продолжат разговорите за Брегзитот“, рече Јункер, додавајќи: „Комисијата реши да му препорача на Европскиот совет дека сега е постигнат доволен напредок за строгите услови на разводот“.