Комисијата за финансирање и буџет два дена пред крајниот рок ја заврши амандманската расправа по Предлог буџетот за 2018 година и од вкупно 279 амандмани поднесни од опозицијата усвои шест од кои четири од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не беа присутни на денешната седница.
Од четирите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ два се целосно прифатени, а два се изменети во делот на финасирањето.
По завршувањето на амандманската расправа Предлог буџетот повторно се враќа на разгледување во Владата по што ќе биде ставен на собраниска седница.