Печатените медиуми и интернет порталите „вријат“ од информации за судењата на поранешните први луѓе на власта, инаку членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени за криминални дејанија и злоупотреба на службените овластувања.
Нова Македонија информира дека денеска продолжува судењето за „Насилство во Центар“ и за „шамарите“ за што јавноста слушна од разговорот помеѓу Груевски и Јанакиески во „бомбите“. Информацијата за судењето на првообвинетите, Груевски, Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова ја објавува и порталот Фокус.мк.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нова Македонија информира и за почетокот на судењето за „Траекторија“, во кое се обвинети Груевски, Пешевски, Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, за оштетување на државниот буџет за над 150 милиони евра со изборот на кинеска компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Насловот во Вечер гласи: „Груевски, Јанакиески и Пешевски на обвинителна клупа за провизиите за кинеските патишта“, а објавува и дека првото судење на овие четворица е одложено поради барањето на одбраната за тонско и визуелно снимање.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нова Македонија насловува: „Одобрено обвинението за ’Трезор‘, првообвинет е Мијалков“. Предметот на СЈО се однесува на злоупотреба на средства од државниот буџет за набавка на електронско-комуникациска опрема од фирма од Велика Британија за потребите на Петтата управа на УБК.
Во меѓувреме, протестите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ по скопските улици и крстосници продолжуваат, со барање „Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и изживувањето од СДС“ – како што објави Вечер, а по повод определувањето притвор за шестмина пратеници осомничени за терористичко здружување и учество во крвавите настани во Собранието на 27 април.
Порталот Фокус.мк објавува дека „Ќе им се суди на Мијалков и на Тачи кои договараа гласање во ДИК“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вистинска бомба во печатените и интернет медиумите е информацијата што ја обелодени американскиот амбасадор Бејли дека членовите на ДИК си поделиле огромни бонуси по предвремените парламентарни избори во декември. Вечер излезе со наслов: „За една година инкасирале по најмалку 24.000 евра“, а Слободен печат на насловната напиша: „Парите се враќаат ама со цмиздрење“ и „Шокантно расипништво на ДИК-овците“. Медиумите ја објавија и изјавата на првиот човек на ДИК, Чичаковски: „Оваа одлука не го издржа судот на јавноста“ – како што го цитираше Вечер. Нова Македонија наслови: „Членовите на ДИК ќе вратат четири плати или ќе ги донираат“.
Слободен печат и Вечер објавија делови од интервјуто на премиерот Заев за грчката агенција АНА-МПА со главната поента: „Заев планира средба со Ципрас во Атина по Нова Година“.