МОН го презентираше Буџетот за образование за 2018 година

Министерката за образование и наука Рената Треневска Десковска го презентираше Буџетот за образование за 2018 година.

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го претстави Буџетот за образование за 2018 година кој е предложено да изнесува над 406 милиони евра, што е за 5 проценти повеќе во однос на измината година, а изнесува 11,8 отсто од вкупниот Буџет на Македонија.

Од Министерството истакнаа дека буџетот за образованието за следната година го гледаат како развоен, со кој треба да се инвестира во подобри услови.

Околу 45 отсто од планираните средства од вкупниот Буџет на МОН се предвидени за потребите на основното образование, 26 за високо образование, а за средното предвидени се околу 19 отсот. За студенски и ученички стандард предвидени се 6 отсто од Буџетот, информираат од МОН.