Судењето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 18 декември, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.
Сите обвинетои дојдоа во судот. Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побара судењето да биде снимено визуелно и тонски, а судот го прифат ибарањето и го презакажа судењето.
Во предметот „Траекторија“ обвинетите се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.