Обединетите нации соопштија дека генералниот секретар Антонио Гутереш се противи на каква било еднострана акција во врска со Ерусалим која би можело да го загрози решавањето на израелско палестинскиот конфликт според моделот две држави. Американскиот претседател Доналд Трамп, според најавите, денеска би требало да соопшти дали ќе ја пресели амбсадата на САД од Тел Авив во Ерусалим, потег што го посакува Израел, но не и палестинците. Арапските земји предупредија дека ваквата одлука може да му наштети на кревкиот мировен процес на Блискиот Исток.