Апелациониот суд денеска одлучи прислушуваните разговори, таканаречените „бомби“, да се користат како докази во судската постапка во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“ за изборни нерегуларности.
СЈО поднесе жалба до Апелациониот суд откако кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за предметот „Титаник“, во кој обвинети се поранешни функционери меѓу кои Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачите, поткуп на избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.