Могерини: Брисел има интерес за членство на Западен Балкан во ЕУ

Архива: Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.

Интересот на Брисел за членство на земјите од Западен Балкан во Европската унија е поврзан со безбедносни и економски причини, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини.

Таа истакна дека ЕУ е заинтересирана шесте земји од Западен Балкан да станат дел од европското семејство, нагласувајќи оти очекува ЕУ да направи напредок во односите со шесте земји до истекот на мандатот на сегашната Европска комисија по две години.

„Не сметам дека Европската унија во иднина ќе има 27 земји членки, туку сметам дека нивната бројка ќе биде поголема, изјави Мигерини во интервју за телевизијата Еуроњуз.

Таа додаде дека прво земјите треба да ги спроведат сите неопходни реформи, а оти во општествата и во работата на политичките институции треба да се извршат сериозни промени.